Јарецот може да преживее се, од секоја битка излегува победник

Јарецот никогаш нема да зборува позади вашиот грб, барем не за нешто што веќе не го зборувал пред вас.

Многу е тешко да ги испровоцирате Јарците и тие веруваат само на мал број луѓе.

Тие се многу тврдоглави.

Тие се многу посветени на своите обврски. Пред спиење секогаш размислуваат за утрешните активности.

Јарецот може да преживее сѐ. Дури и кога се соочени со тешки препреки на патот, секогаш излегуваат победници од тие битки.

За Јарците не постои сива нијанса – за нив сѐ е црно или бело!

Тие никогаш не се задоволни со своите резултати и секогаш сакаат да бидат подобри.

Јарецот често чувствува грижа на совест и не знае како самиот на себе да си ги прости грешки.

Не сакаат да ги покажуваат своите чувства затоа што мислат дека тоа ги прави ранливи.

Без оглед колку ги навредувате, тие знаат како да останат мирни и да ве натераат да се покаете поради сите понижувачки зборови кои сте ги изговориле.

Јарците сакаат да ги усреќуваат другите луѓе.

Јарците мразат кога други луѓе им кажуваат што треба да прават. Во суштина тие се оние кои наредуваат, а не обратно.

Тие се одлични слушатели и даваат многу корисни совети.

Ако ви кажуваат дека кон вас имаат посебни чувства, треба да се чувствувате почестено, бидејќи тоа е реткост.

Секогаш претпочитаат да ја чујат најболната вистина, отколку слатката лага.

Кога се чувствуваат повредено, сѐ што им е важно одеднаш исчезнува.

Кога Јарците се фрустрирани, тие ќе се муртат, ќе бидат раздразливи и многу критични. Во тие моменти, секоја мала игра ќе им оди на нерви.

Тие стануваат саркастични кога мораат да се справуваат со проблеми на луѓе кои не им се важни.

Не им е проблем да признаат кога грешат, но тие всушност ретко грешат.

Јарците го создаваат своето мислење за другите врз основа на нивните постапки, а не врз основна на нивните зборови.

Секогаш се борат за она што сметаат дека е исправно, дури и ако се сами во таа борба.

Кога се заљубени, подготвени се да направат сѐ за личноста која ја сакаат.

Не поднесуваат луѓе кои постојано бараат изговори за нешто.

Иако е тешко да се поверува, жените во овој хороскопски знак не се нешто премногу романтични.

Кога некој не им се допаѓа, тоа можете веднаш да го забележите.

Не сакаат да зависат од други луѓе.

Дури и кога Јарецот се обидува да се опушти и да се смири, сепак можете одвреме-навреме да забележите дека е сериозен и дека се обидува да го контролира своето однесување.

Тие знаат да бидат брутално искрени, на забавен начин.

Не веруваат на сѐ што ќе чујат, особено ако звучи премногу добро за да биде вистинито. Потребни им се цврсти докази за да веруваат во нешто.

Кога Јарецот има одредена цел, не постои друг знак кој е толку силен и истраен за да ја исполни својата цел.