Пензионер ја претепал својата сопруга, полицијата го бара

Во 15,00 часот во СВР-Велес, 49-годишниот С.С. од Велес пријавил дека истиот ден околу 14,50 часот во куќата на неговите родители, ја затекнал неговата мајка, 74-годишната Д.С. со повреди нанесени од сопругот.

Се работи за 74-годишниот Л.С.

Старицата била пренесена во Општата болница во Велес.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на Л.С. и расчистување на случајот.