Од почетокот на годината до сега 70 регистрирани случаи на говор на омраза

Според мапата на Хелсиншкиот комитет, извор на говорот на омраза очекувано е главниот град, но вакви случаи се регистрирани во сите делови од земјата. Од почетокот на годината до сега регистрирани се најмалку 70 случаи на говор на омраза.
,,Се бележи двојно зголемен број, така што се соочуваме со верификувани пријави, отприлика 45 случаи на месечно ниво, каде што правниот тим во Хелсиншкиот комитет детално ги анализира, мораме да ги заклучиме дека овие претставки навистина содржат говор на омраза, и потоа ја информираме јавноста и надлежните институции”, вели Aleksandar Jovanoski од Хелсиншкиот комитет.