Свест/ совест/ одговорност/ идеја/ нешто?

Mimoza Petrevska

Чудовиштево уште расте ли расте. Веќе за два ката повисоко од сите околни згради. Значи – седумкатница! Ни го зеде погледот, сонцето. Тие во прв ред под него ќе бидат во вечна сенка. Оваа зграда лежи не на улица туку на сокаче – едно од наjтесните во населбата. И тоа е од двете страни затнато со паркирани коли. За кого градите вакво Дебармаало – за киборзи што ќе долетат со колите и низ џам ќе влезат во стан? Зошто друг начин ќе нема. На децата од околијата им го зедовте единственото игралиште на кое сега се настегани само коли – една врз друга. Дрвце нема за лек освен во дворовите на преостанативе стари куќи. Што ќе се случи кога оваа зграда ќе се всели? Како ќе си влезат станарите дома? Како ќе пријде пожарна/ брза помош? Па дојдете видете што ви се случува во населбата/ градот. Свест/ совест/ одговорност/ идеја/ нешто? Саша Богдановиќ Петре Шилегов