Состојба со грип во Република Македонија, сезона 2018/2019 за 14-та недела

Во текот на 14-та недела од 2019 година (01.04-07.04.2019), во Република Северна Македонија се пријавени 283 (I=13,7/100.000) случаи со заболувања слични на грип, што е за 40,8% намалување во споредба со минатата недела (n=478).

Бројот на пријавени лица оваа недела е поголем за 56,4% споредено со 14-та недела од минатата сезона (n=181), а во однос на бројот за 14-та недела од типичната епидемиска крива (моделирана од последните 8 сезони) постои зголемување за 90,1% .

Регистрираната инциденца оваа недела укажува на ниска активност на вирусот на грип, согласно МЕМ моделот за одредување на интензитетот.

Во текот на изминатата недела, не се регистрирани смртни случаи асоцирани со грип.

Оваа недела, во вирусолошката лабораторија на ИЈЗ пристигнати се 18 материјали за тестирање на грип, од кои 7 (38,8%) позитивни за присуство на вирусот на грип – 4 Influenza A(H3), еден Influenza A(H1)pdm и 2 Influenza А несуптипизиран.

Во 14-та недела, најголем број заболени лица (n=191; 67,5%) се пријавени во најголемата возрасната група од 15-64 години, додека највисока инциденца од 17,9/100.000 жители е регистрирана кај возрасната група лива постари од 65 години…

Преземено од: Институт за јавно здравје на Република Македонија