ПЕХАРОТ ОД ДРЖАВНОТО ПРВЕНСТВО ЗА ЏИУЏИЦУ СТИГНА ВО БИТОЛА!”НИНЏУЦУ” ПРВОПЛАСИРАНА ЕКИПА,НЕПОБЕДЛИВ КЛУБ!!!

Нинџуцу Клуб од Битола и Поунд фор Поунд тим Македонија,  повторно со голема победа овојпат од Државното првенство за Џиуџицу 2019, кое се одржа вчера во Скопје, се вратија во својот град со 20 медали и пехарот за првопласирана екипа стигна во нивни раце.

На ова државно првенство за Џиуџицу овој битолски клуб беше непобедлив.

На турнирот неможеше а да не се забележи воодушевувањето на сите присутни за настапите на борците од битолскиот клуб, кои освен што го зедоја пехарот, и 20 медали, наградени беа и со громогласен аплауз.

На овој турнир учествуваа 6 клубови  и од сите нив најдобри беа борците на Нинџуцу клуб Битола и Поунд фор Поунд тим Македонија.

 

Доделена беше и благодарница на овој клуб за особен придонес во организацијата на Државното првенство од страна на Македонската Џиу-Џица Федерација.

 

Од Нинџуцу клуб најавуваат за во месец мај учество на меѓународниот турнир во Софија при што веќе се во тек силни подготовки